Изминатата ноќ се одиграа десет натпревари во НБА, а победи забележаа најдобрите екипи Бостон и Денвер. Следува шестдневна пауза поради Ол-стар викендот во Солт Лејк Сити.
Никола Јокиќ го забележа 21. трипл-дабл сезонава и 97. во кариерата за победата на Денвер над Далас од 118:109. Српскиот ас постигна 14 поени, на кои додаде 13 скока и 10 асистенции за Нагетс, додека Џеф Грин постигна рекордни за сезоната 24 поени (шут од поле 16-11). Мајкл Портер постигна 22 поени од кои пет тројки.

Advertisements

Од друга страна, Лука Дончиќ постигна 37 поени, имаше четири скока и девет асистенции, но неговите Мавс без Кајри Ирвинг, го забележаа третиот последователен пораз, за да останат на шестата позиција на Западот. Денвер е лидер со скор 41-18.

На овој натпревар во одбрано друѓтво влезе Никола Јокиќ кој пред паузата на „Ол-стар“ забележа повеќе од 500 асистенции и повеќе од 500 скока. Пред него тоа го постигнаа само Расел Вестбрук (три пати) и Оскар Робертсон, во далечната 1962 година.

Бостон и натаму е најдобриот тим во Лигата, бидејќи на свој паркет ја постигна 42. победа сезонава, против слабиот Детроит – 127:109.

Џејсон Тејтум постигна 38 поени, од кои 24 во третата четвртина. Малколм Брогдон додаде 25. Во тимот на Бостон по пауза од девет натпревари се врати и најдобриот дефанзивец во лигата, Маркус Смарт (9 поени, 7 скокови, 6 асистенции и 6 украдени топки).

Бостон влегува во паузата за Ол Стар со пет победи во последните шест натпревари, додека популарните Пистонс се изедначени на дното на Истокот со скор 15-44. Најдобар кај Пистонс со 28 поени беше Бојан Богдановиќ./Makfax/