Времето денеска во утринските часови ќе биде многу студено, а преку ден сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од 3 до 10 степени.
Во Скопје, ќе биде многу студено, а преку дент сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 7 степени.
За недела, синоптичарите најавуваат зголемена облачност и умерен до засилен северен ветер, како и услови за локален слаб снег на планините.
Од понеделник следува период на стабилно време со пораст на утринските и дневните температури.