Бројот на жртвите од земјотресите во Сирија и Турција продолжува да расте и според турската „ТРТ ворлд“ сега изнесува близу 10 000.
„Бројот на загинати од двете земји се искачи на близу 10 000 и се очекува дополнително да се зголеми во наредните денови“, наведува „ТРТ ворлд“.
Според податоците на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) над 34 810 луѓе се повредени при уривањето на илјадниците згради во регионот.
Управата за вонредни ситуации денеска соопшти дека по разорниот земјотрес во понеделникот, во Турција се регистрирани 648 последователни потреси.
Тимови за пребарување од речиси 30 земји се пристигнати во Турција и се вклучени во давањето помош на тамошните екипи.