Шпанскиот фудбалер Иско не се пресели во Унион Берлин, откако му пропадна трансферот, иако сè беше претходно договорено. 30-годишен фудбалер остана без клуб откако Севилја на крајот на декември му го преина договорот затоа што не беа задоволни со неговите настaпи.
Иско се очекуваше да потпише за Унион Берлин и се чекаше само официјална потврда, но потоа екипата се повлече и не сакаше да го потврди трансферот.
Наводно, Иско се обидувал до последен момент да пронајде некој подобар клуб./Supersport/