Лиза Мари Присли, единственото дете на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 54-годишна возраст, соопшти нејзината мајка.
„Со тешко срце морам да споделам катастрофалната вест дека моја прекрасна ќерка Лиза Мари, нè напушти“, објави Присила Присли.
Лиза Пари, која исто така беше пејачка, во четвртокот итно била пренесена во болница бидејќи, како што пишуваат американските медиуми, доживеала срцев удар. Претходно била пронајдена како не реагира во нејзиниот дом во Калабасас, Калифорнија.
Во изјавата до јавноста, нејзината мајка, пак, не даде информации за причината за смртта.