Лионел Меси е прогласен за најдобар плејмејкер за 2022 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Advertisements

Меси оваа титула ја доби по рекорден петти пат. Рекордот претходно го држеше поранешниот играч од средниот ред на Барселона и Шпанија, Чави, кој четири пати беше прогласен за плејмејкер на годината.

Најдобрите плејмејкери за 2022 година според ИФФХС:

  1. Лионел Меси (ПСЖ / Аргентина)
  2. Лука Модриќ (Реал Мадрид / Хрватска)
  3. Кевин де Брујне (Манчестер Сити / Белгија)
  4. Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед / Португалија)
  5. Антоан Гризман (Атлетико / Франција)
  6. Бернардо Силва (Манчестер Сити / Португалија)

Ова е трета награда од ИФФХС за Меси оваа година. Претходно организацијата го прогласи за играч на годината и најдобар стрелец на годината./Gol.mk/

Прикажи повеќе