Според министерот за економија, Крешник Бектеши, веќе има намалување на цените на основните производи во маркетите и тоа се одвива во рамки на очекувањата на Владата во опсег од 7 до 13 проценти.
-Благо поевтинување мислам дека веќе има. Нема веќе леб од 52 денари за што се правеа драми тука во Медија центарот на Владата. Веќе и „Жито Лукс“ почна да ги намалува цените, а одредени производители веќе неколку недели ги намалуваат. Маслото за јадење не е веќе 150 денари, ниту 160 денари. Може да се најде и под 100 денари во одредени маркети. Ние секогаш сме кажувале дека очекуваме во месец декември да има намалување од 7 до некаде 12 максимум 13 отсто и ако одиме по листата на производите, кои се во одлуката да направите споредба ќе видите дека таков процент на намалување има. Ние сме биле многу отворени, транспарентни посебно спрема граѓаните и не сме кажале дека ќе има намалување од 50 отсто, 70, 80 отсто за месец декември. За месец јануари се прават калкулациите и од компаниите и од стопанските комори и секако дека очекуваме да има дополнително намалување. Колку ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено откако ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори, вели Бектеши.