Британското кралско семејство го дочека својот прв Божиќ без кралицата Елизабета. Затоа, Кејт Мидлтон и оддаде почит во емотивна честитка на божиќната песна во Вестминстерската опатија. Принцезата од Велс рече дека покојната кралица „собрала луѓе и инспирирала многумина“.
„Нејзиното височество го носеше Божиќ во своето срце. Таа на сите ни покажа како изгледаат емпатијата и сочувството и секогаш не потсетуваше на важноста на надежта, семејството и пријателството. Решивме да го посветиме овој концерт на кралицата Елизабета и на сите оние кои повеќе не се со Божиќ без неа никогаш нема да биде исто“, рекла Кејт.
Getting ready to welcome our #TogetherAtChristmas guests, celebrating those who have gone above and beyond in their communities and paying tribute to Her Late Majesty The Queen pic.twitter.com/AdEzxFxPfQ
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) December 15, 2022
На традиционалниот божиќен концерт присуствуваа сите членови на кралското семејство вклучувајќи го кралот Чарлс III, неговата сопруга кралицата Камила, принцот Вилијам, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Мечката Падингтон како Божиќна декорација
Неколку часа пред почетокот на божиќниот концерт, на Твитер профилот на принцот и принцезата од Велс беа објавени празнични фотографии од украси со мечка Падингтон на елката пред Вестминстерската опатија. „Во пресрет на нашите гости, ги славиме оние кои повеќе не се со нас и му оддаваме почит на Нејзиното покојно височество кралицата“, стои во описот на објавата.
Оваа празнична сезона, кралското семејство ќе се врати на традиционалната празнична традиција и ќе го помине Божиќ во Сандрингем, селски имот во Норфолк. Таа вообичаено би останала во Сандрингам до годишнината од смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.