Илјадници летови беа откажани откако американските метеоролози предупредија на „потенцијално парализирачки временски услови во централните и источните“ делови на земјата, што може да создаде големи прекини во сообраќајот за време на празничниот период. „Ова не е како снежен ден како кога бевте дете. Ова е сериозна работа“, изјави американскиот претседател Џо Бајден. Издадени се предупредувања за повеќе од 135 милиони луѓе поради моќната арктичка зимска бура. Областа што ќе ги почувствува ефектите од зимската бура се протега сè до Флорида и границата меѓу САД и Мексико.

Националната метеоролошка служба објави дека до крајот на оваа недела во некои делови од земјата можни се температури од -45 степени Целзиусови. Се предвидува дека арктичката воздушна маса ќе донесе силен ветер и температура од -9,4 степени во Ел Пасо, Тексас, каде што многу мигранти без документи спијат на улиците. Гувернерката на државата Њујорк Кети Хочул прогласи вонредна состојба пред невремето. Вонредна состојба прогласија и гувернерите на Кентаки, Северна Каролина, Западна Вирџинија, Џорџија и Оклахома, јавува Би-Би-Си.

Advertisements

Прикажи повеќе