Англиските медиуми пишуваат дека Хари Мегваер е незадоволен во Манчестер Јунaјтед бидејќи го загубил статусот на првотимец, особено што минатата сезона беше капитен.

Advertisements

Поради ова почна да се шпекулира дека овој 29-годишен фудбалер би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и дека е решен веќе во јануари да го смени клубот бидејќи е свесен дека неговиот статус во тимот нема така лесно да се промени.

“Мирор” вчера објави дека нема да биде изненадување доколку Јунајтед се согласи да го продаде Мегваер, бидејќи еден клуб веќе покажа голем интерес за него, а тоа е Тотенхем.

Антонио Конте нема ништо против Мегваер да го засили неговиот тим, а лондонскиот клуб е подготвен да плати околу 25 милиони евра за овој дефанзивец, што е секако многу помалку од она што Јунајтед го плати за него пред нешто повеќе од три години.

Во првиот дел од сезоната, Мегваер одигра само четири натпревари во Премиершип, што е најдобар показател дека Тен Хег не смета премногу на него.

Прикажи повеќе