Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за цените на горивата која стапува на сила на полноќ. РКЕ одлучи дизел горивото да поскапе, а бензините да се продаваат по иста цена.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, и со тоа изнесува 81,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините остануваат на исто ниво:  ЕУРОСУПЕР БС 95 – 76,00 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС 98 –  78,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на се зголемува за 0,50 ден/лит, и со тоа изнесува 79,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,137 ден/кг, и изнесува 39,233 ден/кг.