Во недела од 16:00 часот на стадионот „Лусаил“ во Катар ќе започне финалето на досега најчудното и најдолгоочекувано Светско првенство. Дуелот меѓу Аргентина и Франција секаде некако неправедно се најавува како дуел меѓу Лионел Меси и Килијан Мбапе. Но, така не мисли селекторот на Аргентина, Лионел Скалони.

Advertisements

„Сопирањето на Мбапе е повеќе тимска работа отколку индивидуална. И не само Мбапе. Факт е дека е добар играч, но освен него Франција има и други кои го снабдуваат со топки и одлично си ја вршат работата. Сè уште е млад, ќе продолжи да се развива и да се подобрува, нема сомнеж во тоа.

Утрешниот натпревар не е само дуел меѓу Меси и Мбапе, тоа е меч меѓу Аргентина и Франција. Не на двајца мажи. Двата тима имаат многу играчи кои можат да го решат натпреварот, а не само тие двајца. Лео е добро и се надеваме дека ќе ја донесе предноста на наша страна. Сè што сакаме е да го подигнеме трофејот“, рече Скалони.

Меси пред неколку дена најави дека во СП во Катар ќе биде негов последен Мундијал во кариерата, што ќе биде дополнителен мотив за него и за соиграчите да стигнат до посакуваниот трофеј. Покрај Меси во репрезентативна пензија заминува и Анхел Ди Марија. /Gol.mk/

Прикажи повеќе