На 10 декември 2022 година, прогресивниот свет го одбележа Меѓународниот ден на човековите права. Овој ден беше одбележан и во Украина, вклучително и од Претседателот на Украина Володимир Зеленски. Со цел да се утврдат и обезбедат правата и слободите, со поддршка на одлуката на Генералното собрание на ОН за одбележување на Денот на човековите права на 10 декември, во контекст на Универзалната декларација за човекови права, Претседателот Зеленски издаде и посебен Указ, на 9 декември 2022 година (бр. 854).

Истиот ден, 10 декември, рф, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, продолжи со гранатирање на украинските територии и напади со дронови, уништување на енергетската инфраструктура на Украина. Последица од тоа беа десетици убиени и ранети лица, илјадници без греење, струја и вода. Ракети го погодија и породилното одделение на медицинска установа во Херсон.

Универзалната декларација за човекови права од 1948 година стана првиот основоположувачки меѓународен документ кој ги регулира основните човекови права и слободи. Токму овој документ стана основа за многу конвенции од областа на човековите права. Ако за демократските држави Декларацијата и другите конвенции и документи во оваа област создадоа правна основа за еволуција на концептот на правото, тогаш рф, започнувајќи ја агресивната војна против Украина, ги создаде основите за деградација на човековите права, вклучително и во сопствената држава.

Правната свест на политичкиот естаблишмент на рф не ја достигнува ни нулата, а одредбите од уставот на рф за правата и слободите на човекот и граѓанинот се, исто така, извор на руска дезинформација.

РФ убива украински граѓани, ги измачува, ги подложува на тортура, уништува станбени згради, болници, училишта, критична инфраструктура, прибегнува кон тактики на „изгорена земја“, додека во нејзиниот устав се зборува за „гаранција на правата и слободите во согласност со општо признатите принципи и норми на правото“. Тоа е, практично, богохулење на државата-убиец. Според извештајот на Мисијата за набљудување на човековите права (објавен на 7 декември 2022 година), само во првите шест недели од руската инвазија од големи размери против Украина, 441 цивил биле убиени од руските окупатори во три нејзини области (работата на Мисијата продолжува, за жал, бројот на жртви ќе се зголемува).

На 9 декември 2022 година, светот го одбележа споменот на жртвите на злосторството геноцид – Меѓународниот ден на сеќавање. Злосторничкиот режим на кремљ, со намера да го уништи украинскиот народ, која не згаснува со години, продолжува да врши геноцид, кој го започна во 20-тите и 30-тите години на 20-тиот век во Украина. Убивањето со глад во 1932-1933 година во Украина, убиство, тортура, мачење во Буча, Изјум, Ирпин, Макарив, Мариупол, Херсон во 2022 година – злосторничка секвенца на господарите на кремљ.

Оној кој ги почитува човековите права треба да укажува на тоа. Се зголемува бројот на држави кои го прогласија Гладоморот од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ, а се зголемува и бројот на држави кои влегоа во процесот на подигнување на обвинение за геноцид, во согласност со Конвенцијата за спречување на кривичното дело геноцид и неговото казнување, инициран од Украина против рф во Меѓународниот Суд на ОН.

Секој човек има право на живот и слобода (член 3 од Универзалната декларација за човекови права). Украина се бори за животот и слободата не само на нејзините граѓани. Претседателот на Украина предложи 10 чекори за Формулата за мир:

1.Радијациона и нуклеарна безбедност.
2. Безбедност на храната.
3. Енергетска безбедност.
4. Ослободување на сите затвореници и депортирани.
5. Имплементација на Повелбата на ОН и обновување на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок.
6. Повлекување на руските трупи и прекинување на воените дејствија.
7. Враќање на правдата.
8. Спротивставување на екоцидот.
9. Спречување на ескалација.
10. Фиксирање на крајот на војната.

На Украина ѝ треба помош во спроведувањето на Формулата за мир за обновување на нејзиниот територијален интегритет, мир и човекови права. Секоја држава може да помогне во имплементирањето на кој било чекор од предложената Формула заедно со Украина.

Извор: Civil media