Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по последните случувања на северот на Косово изјави дека ќе испратат барање до КФОР да се овозможи враќање на српската војска на Косово.

„Ние денеска го усогласивме текстот со барањето кое во согласност со резолуцијата 1244 ќе го испратиме до командантот на КФОР да обезбеди распоредување на припадници на војската и полицијата на Србија на територијата на Косово. Со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 е потврдено дека на договорен број српски војници и полицајци ќе им биде дозволено да се вратат на Косово за извршување , изјави Вучиќ.

Вчера, пак, претседателката на Косово, Вјоса Османи порача дека никогаш повеќе војска и полиција од Србија нема да стапне на територијата на Косово.