Американскиот актер Џејсон Сигел, најпознат по улогата на Маршал Ериксен во популарната серија „Како ја запознав мајка ви“, се ожени со својата долгогодишна партнерка Кајла Радомски, пишува магазинот „Пипл“ (People).

Свадбата се одржала минатата сабота во ботаничката градина на библиотеката „Хантингтон“ во Пасадена, Калифорнија.

Радомски на Инстаграм споделила фотографии и впечатоци од венчавката, пишувајќи дека денот бил „вистински сон“. Нејзиниот брат, исто така, објавил фотографија од младенците со порака дека неговата сестра го пронашла својот среќен крај.

Двојката првпат се појавила заедно во јавноста во октомври 2023 година, а своето прво заедничко појавување на црвениот тепих го имала на доделувањето на Златните глобуси во јануари 2024 година.

Веридбата ја објавија во јуни 2025 година. Интересно е што Сигел ја запросил Радомски токму во градината на библиотеката „Хантингтон“, каде што сега се одржала и нивната свадба.

Освен по улогата во „Како ја запознав мајка ви“, Сигел е познат и по серијата „Sh i ki g“, додека Радомски се прославила како танчарка во американското шоу „So You Thi k You Ca Da ce“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.