Познатата американска актерка Кирсти Ели почина на 71-годишна возраст од рак.
Засекогаш ќе остане запаметена по нејзината убавина и улогата во познатата американска серија за Граѓанската војна „Север и југ“ каде што се бореше за правата на Афроамериканците и ја толкуваше улогата на богата бела жена заљубена во црн роб.
Таа исто така глумеше во филмовите Star Trek II: The Wrath of Khan, Drop Dead Gorgeous и Look Who’s Talking.
Но овие работи најверојатно не сте ги знаеле за неа:
- Во младоста, во средно училиште, била навивачка.
- Се натпреварувала во квиз-шоуа во 1970-тите, освоиЛа шест илјади долари на Match Game PM во 1979 година и се претставила како дизајнерка на ентериер од Л.А. Една година подоцна, таа се појави на Password Plus, но зеде само 800 долари.
- Се плашела од летање.
- На почетокот на кариерата делела стан со актерката Мими Роџерс.
- Еднаш работела како спасител на плажа и како дизајнер на ентериер во Л.А.
- Во 1981 година ја изгубила мајка си, која загинала во сообраќајна несреќа предизвикана од пијан возач.
- Нејзиниот прв сопруг се викал Роберт Ели, за кого подоцна дознала дека и е далечен роднина.
- Се појави во 1982 година во Star Trek II: The Wrath of Kan и нејзината кариера од тогаш е на нагорна патека. Таа беше огромен фан на Star Trek и имаше своја акциона фигура.
- Таа посвои две деца додека беше во брак со Паркер Стивенсон, Вилијам Тру Стивенсон во 1992 година и Лил Принц Стивенсон во 1994 година.
- Беше најдобра пријателка со Џон Траволта и беше блиска со Опра Винфри.
- Кога се родил синот на Траволта, Бенџамин, таа ја чувала неговата ќерка Ела Блу и била првата личност надвор од семејниот круг што го видела новороденчето.
- Беше наградена со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 1995 година.
- Настапи во Танц со ѕвездите во 2005 година.
- Беше член на Скиентолошката црква и донираше пет милиони долари на таа заедница.
- Отвори центар за описменување и учење во нејзиниот роден град Вичита, Канзас и го именува по нејзината ќерка – Местото за учење Лил.
- Го поддржа Доналд Трамп во 2016 година како републикански кандидат за претседател на САД.