Во Катар деновиве не се нервозни само фудбалерите и навивачите. Покрај Светското првенство, Катар е домаќин на уште едно натпреварување, Светското првенство за најубава камила. Во градот Мзајен, кој е на само 25 километри од Доха, се избира најубавата камила.
Две работи укажуваат дека сè е сфатено многу сериозно: прво дека спонзор на настанот е Министерството за спорт и млади и второ дека на натпреварот има и официјален лекар. Тој има прилично бизарна задача: се грижи никој да не ѝ вбризга ботокс на натпреварувачките и на тој начин да ги „разубави“. За жал, на сопствениците на камили на памет им паѓаат секакви работи, вклучително и оваа, па затоа организаторите одлучиле да стават крај на оваа грозоморна практика.
Титулата за најубава во својата штала ја однесе Наза, која по прогласувањето го „закити“ и сопственкиот со добивка од околу 200.000 катарски ријали или околу 53.000 евра. Јасно е дека животното не знае што се случува и зошто сите се вртат околу неа, но таа трпеливо си ја одигра улогата. Подобро е да си мис во Мзајен и да се шеташ „дотерана“ со накит отколку да носиш луѓе на грб. Нејзиниот сопственик изјави дека ги третираат камилите како членови на семејството, можеби навистина, можеби не, но парите што им ги донесе камилата навистина не се за потценување.
Животните се голем бизнис во Катар, а 1,5 милиони од нив се заштитени со микрочипови. Тоа доаѓа откако најубавата камила беше крунисана во март на првиот фестивал на камили во Катар.
Минатата година 43 камили биле дисквалификувани поради ботокс и користење недозволиви средства за разубавување./brif.mk
Подготви: А.Т.