Англија со убедлива победа од 6-2 го започна Светското првенство во Катар, совладувајќи го Иран во вториот меч од најважното фудбалско натпреварување во светот, но освен по головите, ова срдеба ќе остане запаметен и по многу други детали.

Advertisements

Така, со дополнителни 14 минути во првото полувреме и 10 во второто, кои потоа станаа 13 (поради интервенција на ВАР), натпреварот Англија-Иран несомнено влегува во историјата на Светските првенства и на фудбалот во целост.

Апсолутниот протагонист е бразилскиот судија Клаус, кој досуди 14 дополнителни минути во првото полувреме, после тешката повреда на иранскиот голман Берианванд, додека во второто сигнализираше 10 минути плус, поради бројните замени и по ВАР во продолженијата беше принудени да додадат уште три минути, со што играта се зголеми на вкупно 117 минути.

Куриозитетите не завршуваат тука, бидејќи Иран стана првата земја која употреби 6 замени на еден натпревар, откако направи дополнителна замена, што прописот го дозволува, во случај на сериозна повреда на главата, како што е онаа на голманот. Азискиот претставник направи една замена во првото полувреме и уште пет во второто, заменувајќи повеќе од половина од составот, нешто што досега не се случило на меч од Светското првенство.

Своето име во историјата го запиша и Џуд Белингам, кој го постигна првиот гол на натпреварот и стана првиот фудбалер роден во третиот милениум кој постигнал гол на Светско првенство. Од друга страна, Маркус Рашфорд го најде голот по само 26 секунди на теренот, со што стана вториот најбрз играч кој слезе од клупата, бидејќи рекордот го држи данецот Ебе Санд, кој ја најде мрежата по само 11 секунди во Данска-Нигерија 4-1, во 1998 година.