Во услови на ниски температури, Украинците се соочуваат со недостиг на струја и греење. Во меѓувреме, жестоки борби се водат на истокот на земјата. ОН соопштија дека постојат стравувања од хуманитарна криза оваа зима доколку продолжи прекинот на струјата во Украина.

Advertisements

Жестоки борби се водат во источна Украина – Русија продолжи да ја напаѓа цивилната инфраструктура, оставајќи милиони Украинци без електрична енергија.. Украинската војска соопшти дека успешно одбила шест руски напади во Донбас, додека воздухопловните сили на Киев извршиле седум напади врз источни области со руски персонал. Украинските власти во Киев апелираат на „целосен локдаун“, кога температурите се под нулата.        .

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека властите се обидуваат да ја вратат во функција градската електрична мрежа. Руските напади предизвикаа сериозни оштетувања на електричната мрежа на главниот град на Украина, уништувајќи речиси половина од електроенергетскиот систем на Украина.

„Мислам дека главната цел на Русите е да ја уништат нашата инфраструктура, да нè депримираат, да создадат чувство на несигурност. Да се мисли дека можеби ќе се предадеме од Русија е грешка. Тоа е погрешна визија на Путин. После секој напад зборувам за луѓето, за обичните цивили, тие не се очајни. Тие се лути и подготвени да останат и да ги бранат нашите домови, нашите семејства и нашата иднина“, рече Виталиј Кличко, градоначалник на Киев.

Обединетите нации стравуваат дека може да има хуманитарна криза оваа зима доколку продолжи прекинот на струјата во Украина. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите во Украина биле насочени кон воената и енергетската инфраструктура.