Најмалку девет лица загинаа во експлозија во станбена зграда, по штот се урнаа неколку ката, изјави гувернерот Валери Лимаренко.

Advertisements

Експлозијата се случи утринава во петкатница во селото Тимовоскоје на островот Сахалин, рече тој.

– Девет лица загинаа, меѓу кои и четири деца, изјави Лимаренко за руската телевизија „Русија 24“.

Според првите информации, се работи за експлозија на гас, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации и додаде дека на местото на несреќата се испратени околу 60 спасувачи за расчистување на урнатините.

Прикажи повеќе