Од неговиот имот во Флорида, поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, официјално објави дека влегува во трката за нов претседателски мандат на изборите во 2024 година.
Објавата на кандидатурата следува една недела по среднорочните избори во САД на кои републиканците не успеаја да ги освојат посакуваниот број места во Конгресот, ниту пак, да ја преземат контролата во Сенатот.
„Со цел да ја направам Америка повторно голема, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на САД“, рече Трамп пред толпата поддржувачи.
Неговиот говор траеше повеќе од еден час и порача дека од денеска, па до денот на изборите во 2024 ќе се бори како никој досега.