Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на Г-20 да ја искористат сета нивна моќ за да ја натераат Русија да се откаже од нуклеарните закани и да воведат ограничувања на цената на енергијата увезена од Москва. Во видео-говорот Зеленски презентираше мировен план од десет точки, а ослободувањето на Херсон го спореди со битките што доведоа до пораз на Германија во Втората светска војна.

Advertisements

„Тоа е како, на пример, Денот Д, истоварувањето на сојузниците во Нормандија. Тоа сè уште не беше конечна точка во борбата против злото, но веќе го одреди целиот понатамошен тек на настаните“, рече Зеленски.

Украинскиот мировен план содржи барања за радијациона и нуклеарна безбедност, безбедност на храната, енергетска безбедност, ослободување на затвореници, имплементација на повелбата на ОН, повлекување на руските трупи и прекин на непријателствата, правда, екоцид и заштита на животната средина, спречување на ескалација, потврда за крајот на војната.

1. Радијација и нуклеарна безбедност

2. Безбедност на храна

3. Енергетска безбедност

4. Ослободување на затвореници и прогонетите

5. Спроведување на Повелбата на ООН

6. Повлекување на руските трупи и прекин на непријателствата

7. Правда

8. Екоцид и заштита на животната средина

9. Превенција на ескалација

10. Потврда за крајот на војната

Рускиот министер за надворешни работи Лавров рече дека Западот и неговите сојузници ги испровоцирале акциите на Русија во Украина, а не обратно. Москва е изолирана на самитот откако многу западни лидери ветија дека нема да имаат контакт со Лавров кој присуствува наместо Путин.

Шкелзен Аќифи