![](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2022/11/ire-1105-960x540-1-780x470-jpg.jpg)
Најмалку 38 лица се повредени во голем пожар во облакодер во Менхетен, Њујорк.
Пожарот избувнал доцна синоќа на дваесеттиот кат од облакодерот, пишува „Њујорк тајмс”, повикувајќи се на официјални лица.
![YouTube video](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2022/11/ault-jpg.jpg)
Повредени се 38 лица, од кои двајца се во критична, а пет во тешка здравствена состојба, додека останатите се здобиле со полесни повреди”, велат пожарникарите.
Официјални лица велат дека пожарот бил предизвикан од литиум-јонска батерија во електричен велосипед.
Тие веруваат дека еден станар поправал велосипеди, најверојатно како дел од неовластена деловна активност.