Албанија го одложи за идната година пописот на населението и становите планиран за октомври годинава, соопшти Институтот за статистика – ИНСТАТ.
„Во услови на необезбедување алатки потребни за собирање информации на терен, невозможно е да се спроведе оваа активност. Институтот за статистика останува посветен на својата цел да го спроведе пописот на населението и становите во согласност со стандардите и препораките на Обединетите нации и Статистичката канцеларија на Европската унија (Евростат)“, се наведува во соопштението, што го пренесува Топ чанел.