Силно невреме вчера ја зафати Словенија. Локалните медиуми јавуваат дека во Љубљана ветерот бил со брзина од над 100 километри на час, а повеќе лица се повредени.
Словенската Н1 јавува дека пожарникарите имале 23 интервенции, а сите екипи биле на терен.
На една станбена зграда, силниот ветер го однел покривот. Штета имало во уште еден објект.