Мариус Борг Хојби, најстариот син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит, ќе остане во притвор, одлучи денеска Апелациониот суд, пренесува новинската агенција НТБ. Претходно оваа година, Хојби беше осуден на четири години затвор за повеќе кривични дела, вклучително и две точки за силување.
Тој поднесе жалба на пресудата, а постапката пред Апелациониот суд – во која повторно ќе се разгледуваат обвиненијата за силување и семејно насилство врз неговата поранешна девојка – треба да започне во февруари. Досега, притворот на 29-годишникот беше продолжуван во интервали од по четири недели.
Неговиот правен тим во понеделникот изнесе аргументи дека понатамошниот притвор станал „неиздржлив“ за него. Сепак, обвинителството веднаш поднесе жалба на одлуката, а во средата Апелациониот суд ја укина истата.
„Се надевавме на поинаков исход, но ја прифаќаме одлуката на Апелациониот суд“, изјавија адвокатите на 29-годишникот. „Сега детално ќе го разгледаме образложението на судот и ќе разговараме за следните чекори со Хојби.“
















