Патниците од британскиот авион TUI на релација Кипар – Велика Британија доживеале вистинска драма кога еден од нив, како што се наведува, под дејство на опијати се обидел да го отвори излезот за итни случаи, извикувајќи „се гледаме во рајот“, па авионот принудно слета на аеродромот во Загреб.
Како што јавуваат хрватските медиуми, инцидентот се случил во ноќта меѓу понеделникот и вторникот.
Патниците рекоа дека авионот полетал од Кипар со шест часа задоцнување, а потоа еден маж наводно „конзумирал бел прав“ за време на летот.
Очевидци тврдат дека се работи за кокаин, по што тој прво се молел меѓу седиштата на подот на авионот, а потоа во еден момент се упатил кон излезот за итни случаи и се обидел да го отвори, велејќи им „се гледаме во рајот“, пренесува хрватски портал Croatia aviation
Неколку патници успеале да го совладаат мажот соборувајќи го на подот и со тоа го спречиле неговиот неразумен обид.