На северот на Крим експлодира муниција, а жителите на селото Мискоје во моментов се евакуирани, соопштија денеска локалните власти.

Advertisements

„Детонирањето на муницијата се случи на северот на Крим“, објави агенцијата ТАСС на Телеграм, цитирајќи го рускиот административен шеф на Крим, Сергеј Аксјонов.

„Имаше детонација на муниција во поранешната област на селската фарма каде привремено се наоѓаше воениот објект“, изјавил руски функционер, пренесе ТАСС.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во експлозијата се случила во 3.15 минути по локално време и дека нема жртви, пренесе државната новинска агенција РИА, а Интерфакс го цитираше Министерството за одбрана дека пожарот избувнал во привремен склад за муниција.

Прикажи повеќе