Автобуска несреќа се случила на автопатот Тракија во Бугарија на 217 километра во правецот кон Софија, пренесува Трибуна.

Станува збор за автобус со српска регистарски таблички во кој патувале деца и возрасни кои се враќале од одмор на Црното Море, соопшти МВР.

Во автобусот патувале вкупно 49 лица – 38 деца и 11 возрасни. Тие успеале да излезат од автобусот преку прозорите.

46 од патниците се пренесени во болница, три лица не биле повредени во несреќата.

17 лица се во Ургентниот центар во Стара Загора. 3 од децата имаат разни повреди и гребнатини. Во посериозна состојба е постар маж.

Според првичните податоци, нема информации за загинати. На автопатот е создаден коридор по кој повредените ќе можат да се пренесат до болницата во Стара Загора, која е и најблиску.

Автобусот се свртел на страна во каналот на автопатот. Засега не може да се коментираат причините за несреќата, велат од МВР за БНТ.

Полицијата и пожарникарите се на терен, сообраќајот во околината се одвива отежнато. Повреден е и возачот на автобусот. Возачи на автомобили застанале и помагаат да се извлечат повредените од автобусот.

Инцидентот се случил нешто по 20 часот.

Се работи на верзии за лизгав коловоз или заспивање на возачот.

Децата патувале од Несебар. Тие се дел од фолклорниот ансамбл „Јулира“ и се од предградието на Белград, Батајница.