Денес на протестот против францускиот предлог се обрати актерката Весна Петрушевска, нагласувајќи дека за македонскиот јазик не се преговара.
– Македонија е тврдина која мора да ја одбраниме. Како сакате да ни го смените идентитетот, да не асимилирате, како да се вика мојот театар ако не Македонски народен театар? Никој не го победил народот, никој не може против народот. Не сакам да преговарам за нешто што е само мое и да ме нарекуваат Северна Македонка, подвлече Петрушевска.
Протестот почна пред Владата и продолжи кон Министерството за правда каде беа поставени транспаренти. Се одвиваше мирно, без инциденти и провокации.
Учесниците најавија дека протестниот марш ќе продолжи утре во 19 часот.