Опозициската партија повикува повторно на протест вечерва пред зградата на Владата. Како што велат, не се организатори, но го поддржуваат сенародниот протест кој се организира под помотот „Ултиматум-Не Благодарам“.

-Побројни и помотивирани да продолжиме да го изразуваме нашиот став против уцени и диктати кои оваа влада е подготвена да ги прифати и на тој начин да го асимилира сопствениот народ и да предизвика трајна штета на националните и државните интереси.

Се работи за одбрана на Македонија и обврска на сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, што помасовно да се вклучат во овие народни протести. ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на  достоинственото и мирно право на протест на Македонските граѓани во одбрана на идентитетот и против асимилацијата, но во исто време како партија ја разгледуваме опцијата овие протести да се продолжат со останување пред Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.