Претседателот на опозициската Демократската партија на Албанија и поранешен премиер на Албанија, Сали Бериша му се извини на бугарскиот народ за изјавите на премиерот Еди Рама, искажани во рамките на самитот ЕУ – Западен Балкан.
Бериша на прес-конференција изјави дека Рама не го претставува мислењето на Албанците, бидејќи, како што рече, не познава ниту еден принцип на пријателство меѓу земјите.
„Во име на албанската опозиција, им се извинуваме на бугарската влада и народ и гарантирам дека ова не е мислење на Албанците, туку на еден авантурист. Еден човек што не познава ниту еден принцип, не знае што е пријателство меѓу земјите. Не ми изгледа оправдано премиерот да каже ‘срамота за Бугарите и Бугарија’, освен на човек што го понижува секој Албанец со неговите одлуки“, изјави Бериша.
На говорот на премиерот на Албанија на самитот ЕУ – Западен Балкан регираше и Мининистерството за надворешни работи на Бугарија. Во нивната реакција, меѓу другото, се вели дека: „Очекуваме премиерот Рама да ја среди својата комуникација. Имаме заедничка иднина со Албанија, политичарите се менуваат, народот останува“.