Премиерот на Бугарија Кирил Петков не е способен да го реши спорот со С.Македонија оценува поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов. Според него Петков се обидел да договори нешто тајно за потоа да излезе дека парламентот одлучил наместо него. И денеска францускиот предлог за отстранување на ветото за С.Македонија е тема на навреди меѓу бугарските власти.
Advertisements
“Ја гледате ли подлоста? Тој се обидува тајно да договори нешто што ќе излезе пред јавноста, гледате дека се случува, но не затоа што тој e лош, туку парламентот така одлучил. Не, до ден-денес јасно е дека Петков не може да придвижи напред ништо што е поврзано со Северна Македонија и Албанија”, рече Бојко Борисов, Претседател на ГЕРБ.
Медиуимите во Бугарија го пренесуваат и ставот на претседателот на ВМРО БНД Каракачанов, според кој ЕУ врши понижувачки притисок врз Бугарија а актуелната власт се подготвува да изврши национално предавство.
“Со францускит предлог, проблемот се одложува на неоределно време и никогаш нема да се реши во полза на Бугарија. При тоа контролата врз одлуката на Бугарија се предава на непознато лице- на анонимната бриселска администрација. Затоа ВМРО ќе биде тука и ќе го одбрани не само прашањето за Македонија туку и за измсилените европски вредности”, напишал Каракачанов на Фејсбук.
Kоалицискиoт партнер на Петков, пак Христо Иванов, предлогот го оценува како добар за Бугарија, зашто с ерашваат условите од бугарска страна.
„ Според предлогот, Скопје мора да се обврзе пред ЕУ да го промени својот Устав и да ги регистрира Бугарите како еден од државотворните народи. Ако Македонија не го направи тоа, нема да има преговори за ЕУ, нема да го укинеме ветото. Сакам сите да ме слушнат – ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал“, рече Христо Иванов , Претседател на Демократска Бугарија
Францускиот предлог пред два дена беше доставен во Бугарија, и во останатите земји членки на ЕУ како обид за решавање на спорот Софија-Скопје. Ставот на Петков е дека за предлогот треба да се изјасни народното собрание и каква одлука и да донесе таа ќе биде пренесена следната недела во Брисел.
Андреа Чобанова