Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за Бугарската национална телевизија рече дека без бугарскиот Парламент нема да има одлука.
-Како премиер нема да донесам никаква одлука ако не ја донесе бугарскиот Парламент. Единственото нешто што ќе го кажам на масата со европските лидери е дека нема да го сменам бугарскиот став доколку нема одлука од бугарскиот Парламент, изјави Петков.
Рече дека доколку е вистина тоа што го слушнал, во францускиот предлог ќе има гаранции за Бугарите во Република Северна Македонија – и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот на земјата.
Како што рече, не го прочитал францускиот предлог, кој е испратен директно до Собранието.
-Нема да донесам никаква независна одлука. Ќе ја следам волјата на бугарскиот Парламент, изјави Петков.