Добредојде и честитки за назначувањето на функцијата за новиот амбасадор на Гана, Џејмс Комла Ниасемби, порача претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Република Северна Македонија придава значење на развојот на односите со земјите од афричкиот континент. Искрено се надевам дека идниот развој на односите меѓу нашите две земји ќе претставува позитивен пример и со заеднички напори, ќе дадеме свој придонес за натамошно унапредување на односите во сите области од заемен интерес.