Косовскиот бизнисмен Шкелќим Деволи оствари средба со поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во Флорида, каде што разговараа за зголемување на економската соработка помеѓу двете држави, Косово и САД.

Акционерот на „Деволи корпорејшн“, Деволи му се заблагодари на поранешниот американски претседател за неговата посветеност кон Косово, изразувајќи длабока благодарност за историската поддрршка на Соединетите Американски Држави кон албанското прашање воопшто.
Деволи, исто така, му укажа на поранешниот шеф на Белата куќа за успешното пенетрирање на производите на корпорацијата „Деволи корпорејшн“ на американскиот пазар, што пак придонесе за мултиплицирање на извозот од Косово во САД во последните две години.

Посебно внимание се посвети и на производната палета на Комодита Хоум, по што претседател Трамп дури и посака за себе душек со ознака„Made in Kosovo“.
За време на неговиот тринеделен престој во САД, Шкелќим Деволи се сретна и со неколку американски конгресмени и сенатори, деловни претставници и институционални претставници во Вашингтон и Њујорк, се со цел продлабочување на економската соработка помеѓу Косово и САД.