Првиот вицепремиер Артан Груби преку социјалните мрежи ја честиташе победата на Емануел Макрон на изборите во Франција и освоениот втор мандат.

-Народот на Франција одлучи Емануел Макрон уште еднаш да ги води важните политички процеси од позицијата претседател на државата.

На пријателот на нашата земја, претседателот Макрон, му честитам за победата, а на Франција за реализираниот демократски изборен процес.

Заедно гледаме кон хоризонтот на зајакнување на соработката на нашите земји и очекуваме уште поголема поддршка на патот на нашата европска интеграција, напиша Груби.