Турција го затвори воздушниот простор за руските воени и цивилни авиони кои летаат за Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Тој потенцираше дека Турција не учествува во санкциите против Русија, за да можат руските компании да работат во таа земја, пренесува ТАСС.