Украинскиот парламент усвои резолуција со која дејствијата на руската армија во таа земја ги прогласува за геноцид и ги повика владите на другите земји и парламентите да го сторат истото. „Акциите на Русија се насочени кон систематско и целосно уништување на украинскиот народ, негирање на правото на самоопределување и независен развој.
Ова бара акциите на руските вооружени сили за време на агресијата започната на 24 февруари веднаш да бидат означени како геноцид против украинскиот народ“, се вели во резолуцијата. Резолуцијата, за која гласаа 363 од 450 членови на Врховната Рада, ги повикува ОН, Европскиот парламент, Парламентарното собрание на Советот на Европа, Парламентарното собрание на ОБСЕ и НАТО, како и другите влади да ги одбележат руските дејствија како геноцид.