Миграцијата ги празни училиштата и во земјите на регионот. Во Косово, голем е бројот на ученици кои побарале документи за мигрирање во странство во првото полугодие од оваа учебна година и само два месеци по визната либерализација. Сепак, најголем е бројот на наставниците. Околу 600 наставници ја напуштија земјата. Синдикатот за образование на Косово смета дека ситуацијата во училиштата е загрижувачка, нагласувајќи дека ако продолжи овој тренд, училиштата ќе останат празни.

„Бројот на наставници кои го напуштаат Косово се зголемува, во исто време, покрај наставниците кои заминуваат со своите семејства заминуваат и учениците од училиштата. Ако продолжи ваквиот тренд на наставници и ученици, во иднина училиштата ќе останат празни. Ова е аларм дека училиштата остануваат без наставници за оние деца кои ќе останат, кои ќе ги учи. Додека, во 2024 година, со либерализацијата на визите, имаме наставници кои ја напуштаат нашата земја без да поднесат барање и заминуваат во Европа за да најдат подобри работни места и услови за работа, тие воопшто не поднесуваат барања за отсуство – само заминуваат. Бројот, според претседателите на општинските синдикати сега е некаде близу 600 наставници, кои ги немаме веќе во нашите училишта “, рече Вјолца Шаља, потпретседателка на Синдикатот за образование.

„Од септември до пред две недели, имаме најмалку 75 ученици кои добиле документи и заминале во странство.. Има и други родители кои ги чекаат документите  по што  уште 22/23 ученици ќе заминат во странство“, нагласи Исмет Гаши, директор на училиштето.

Во меѓувреме, Министерството за образование, наука и технологија потврдува дека бројот на ученици кои ги побарале нивните документи за да го напуштат училиштето е 267.