Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денес информираше дека дури 10,7 отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да има дадат плата на вработените. Таа додаде дека за февруари се прифатени 63.948 ПИН пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, но дека 6.888 немаат исплати на плата.

„Заега испратени се само опомени. УЈП има предвид дека финансиската помош за февруари не стигна, а дека компаниите тоа го планираа. Затоа, уште еднаш апелирам што поскоро да се донесат законите од петтиот економски пакет. Помина и март, а помош треба да се дава и за мартовска плата“, истакна Лукаревска.