Скопската зоолошка е омиленото место на најмалите, но и на повозрасните. Местото каде што за момент можете да пронајдете спокој во центарот на „градската џунгла“.

Животните, зеленилото и целата љубов која вработените секојдневно несебично ја даваат ја прави скопската зоолошка посебно место за сите нас.

Денес е посебно убав ден, бидејќи на официјалниот инстаграм – профил на зоолошката градина беше објавена прекрасна вест.

– Се роди првото бебе алпака. Нашата Фелиција стана мајка на преслатка женка алпака, стои во објавата на „Скопје Зоо“


Младата алпака го доби името Дина.