Екипите на зимската служба на Град Скопје од вчера во доцните попладневни часови се на терен и превентивно интервенираат на градските сообраќајници по најавите за снежни врнежи. Ова синоќа го соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук.
Посебно внимание, како што информира, се посветува на повисоките делови од градот, особено на Водно, каде што веќе падна првиот снег.
„Не чекаме да нѐ изненади, делуваме пред да падне првиот снег! Уште од доцните попладневни часови, по најавите за снег, екипите на зимската служба на Град Скопје превентивно дејствуваат на скопските сообраќајници. Посебно внимание посветуваме на повисоките места, особено на Водно, каде што веќе падна првиот снег“, наведува Ѓорѓиевски.
Тој најавува дека екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, со цел да се обезбедат проодни и безбедни улици за граѓаните.
„Додека снегот создава проблеми во регионот, ние остануваме на терен цела ноќ за скопјани и утре рано да тргнат по безбедни и проодни улици“, објави градоначалникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.






















