Педесет и осумгодишен италијански државјанин бил приведен вчера на граничниот премин Меџитлија, откако при гранична контрола кај него биле пронајдени 50 куршуми за ловечко оружје.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 22 ноември 2026 година, во 16 часот, полициски службеници го привеле Ц.Ц. (58) од Италија, при влез во државата.
При извршените гранични проверки кај него биле пронајдени 50 куршуми со калибар од 12 милиметри, наменети за ловечко оружје.
Муницијата била одземена, а за случајот бил известен јавен обвинител. По негова наредба, лицето било предадено во Основниот суд Битола за понатамошна постапка.

















