Реакциите на загрижени граѓани не стивнуваат ниту оваа вечер. Крави слободно се движат низ централното градско подрачје на Крива Паланка, узурпирајќи ги јавните и зелените површини, велат од Општина Крива Паланка.

„Граѓаните апелираат за конечно решавање на овој горчлив, децениски проблем, кој го нарушува секојдневното живеење и создава ризици за безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот, како и за зачувувањето на јавните површини. Надоврзувајќи се на претходното соопштение на Кризниот штаб, Општина Крива Паланка бара Владата итно да се вклучи во решавањето на проблемот, преку координирано дејствување на надлежните институции и преземање конкретни мерки на терен“, велат надлежните.

Од Општината велат дека е неопходен заеднички институционален одговор со јасни задолженија и неодложни активности што ќе доведат до трајно решение.

„Граѓаните со право очекуваат безбедно движење и непречено користење на јавниот простор. Општина Крива Паланка го пренесува апелот на своите сограѓани: овој децениски проблем мора итно да добие разрешница. Безбедноста на граѓаните и заштитата на јавниот простор мора да бидат приоритет“, велат од Општината.