Денеска надлежните служби на Општина Бутел ги отстранија нелегално поставените метални блокатори и ги ослободија узурпираните јавни паркинг-места во Скопје Север, извести Општината.

[embedded co te t]

„Во општина Бутел ниту еден граѓанин нема право да присвојува јавен простор. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека законите важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок и се спроведуваат на целата територија на општина Бутел“, додаваат од Општината.