Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од тројца мажи додека чекал на семафорите во Ѓорче Петров, при што му било оштетено и возилото.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 31 октомври во 20:15 часот во СВР Скопје, 34-годишниот О.А. од селото Сарај пријавил дека додека се наоѓал во својот автомобил „фолксваген“, на семафорите во Ѓорче Петров, три лица излегле од друго возило.
Тие, со употреба на физичка сила, го извлекле од автомобилот и го нападнале, а притоа употребиле и метални предмети, со кои го оштетиле неговото возило.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.




















