Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, откако се појави проблем со депонирањето на отпадот поради блокадата на депонијата Краста.
Информацијата ја соопштија ЈП „Чистота и зеленило“ и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој се заблагодари за поддршката од премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и менаџерскиот тим на Дрисла.
Димитриевски најави дека продолжуваат активностите за санација на депонијата Краста и надминување на проблемот со отпадот.
„Во мое лично име и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем, кој ќе биде надминат во најбрз можен рок“, наведе Димитриевски во објава на Фејсбук.












