Четириесет и двегодишната А.С. од Скопје е пријавена за исчезната откако на 18 август излегла од домот на својата тетка и не се вратила.

Исчезнувањето на 21 август во Полициската станица Центар го пријавила М.М.(60) од Скопје. Таа навела дека нејзината внука, која е лице со здравствени проблеми, го напуштила домот околу 22 часот. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на жената.

Текстот Исчезна 42-годишна жена од Скопје, полицијата трага по неа е превземен од МАКФАКС.