Шест лица, меѓу кои две малолетни, биле приведени во одделни полициски акции во Скопје, Куманово и Кочани, а против жител на Прилеп е поднесена кривична пријава откако во неговиот дом биле пронајдени стебла канабис.
На 21 и 22 август, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода малолетници на возраст од 13 и 17 години од Скопје, како и Б.С.(19) од Струга. Кај нив биле пронајдени и одземени тврда кафеава материја и марихуана.Во Куманово бил приведен Д.М.(37), кај кого полицијата пронашла марихуана, додека во Кочани бил лишен од слобода С.М.(27), исто така поради пронајдена марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(48) од Прилеп поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. При претрес во неговиот дом на 18 август биле пронајдени и одземени стебла канабис.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на одделните случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Текстот Малолетници на возраст од 13 и 17 години меѓу приведените поради дрогa е превземен од МАКФАКС.














